Инфлацијата зеде залет, трошоците за храна скокнаа за 7,5 проценти
Државниот завод за статистика измери дека во март инфлацијата скокнала на 4,9 проценти во однос на март лани. Зголемени се и цените на мало за 3,4 отсто. Трошоците за храна и безалкохолни пијалаци пораснале за 7,5 проценти. За една година, поскапеле и облеката, обувките, здравствената заштита, рекреацијата, спортот и културата, а зголемени се и цените во рестораните, како и тие за сместување, образование.
Препорачано
Во однос на февруари пак, трошоците за живот се повисоки за 0,7%.
И проценките на Владата биле дека во март инфлацијата ќе забрза и ќе се движи меѓу 4,5 и 5 проценти. Премиерот Мицкоски вели прават анализи. Нови таргетирани мерки најавува за после Велигден.
„Следните мерки би биле повеќе таргетирани, за одредени целни групи на граѓани и на основните прехранбени производи. И тие мерки би биле комбинирани и со намалување на ДДВ, но и со ограничување на профитната маржа“,
Статистиката пак покажува дека во март годинава во однос на март лани во делот на храната најголем скок има кај овошјето од 12,7 проценти. Млекото, јајцата и другите млечни производи поскапеле за 8 отсто, кај маслата и мастите поскапувањето е речиси 7 проценти, а кафето е поскапено за 25 проценти.
Мицкоски: За бензините треба да имаме и пониска цена, а за дизелот не би требало да има покачување


