Федерико Валверде/EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Инцидентот со Чуамени за Валверде не бил прв, минатата година го удрил и Модриќ?

Реал Мадрид се соочува со сериозна криза во пресрет на утрешното „Ел Класико“, а по инцидентот меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде во јавноста продолжуваат да излегуваат нови детали.

Според информациите што ги пренесуваат шпанските медиуми, физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери завршила со сериозни последици за Валверде, кој наводно заработил повреди на лицето и поради тоа ќе го пропушти дуелот со Барселона.

Инцидентот се оценува како кулминација на напнатата атмосфера која подолг период владее во мадридскиот клуб, а се погласни се шпекулациите дека односите во соблекувалната се сериозно нарушени.

Во меѓувреме, нови обвинувања изнесе и Инаки Ангуло, познат јутјубер и голем навивач на Реал Мадрид, кој тврди дека Валверде и претходно имал проблематично однесување.

„Проблемите на Валверде не се од вчера. Минатата година на тренинг го удри Лука Модриќ“, изјави Ангуло, притоа жестоко критикувајќи го уругвајскиот репрезентативец.

За ситуацијата во клубот денеска говореше и тренерот Алваро Арбелоа, кој призна дека е загрижен поради случувањата, но најголемо разочарување изрази поради тоа што информациите од соблекувалната завршуваат во медиумите.

Реал Мадрид им изрече парични казни на Валверде и Чуамени

Хаос во Реал Мадрид: Валверде се степал со Чуамени и завршил во болница

Реал Мадрид им изрече парични казни на Валверде и Чуамени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот