Фотo: илустрација / Слободен печат/Зоран Димовски

Инцидент во Аеродром — мајка на ученик нападнала наставничка на родителска средба

Мајка на ученик ја нападнала наставничката на родителска средба во училиште во скопски Аеродром. Според неофицијалните информации, инцидентот се случил во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

-На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во полицискиот билтен.

Во него е регистриран уште еден инцидент меѓу двајца соученици што се случил во парк во Центар вчера вечерта. Скопјанец пријавил во полиција дека соученик го нападнал неговиот син.

– На 15.04.2026 во 21:05 часот во СВР Скопје, Д.Д.(47) од Скопје пријави дека околу 19:30 часот во парк на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик – се вели во пријавата.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот