Инцидент во Римини: Сомалиец со нож избоде петмина, меѓу кои и дете

Римини/Фото: EPA-EFE/Mirco Paganelli

Италијанската полиција уапси сомалиски барател на азил откако во саботата вечер со нож избоде четири лица и шестгодишно дете во туристичкиот град Римини, објави денеска новинската агенција АНСА.

Истражителите засега исклучуваат терористички напад, додава АНСА.

Министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе го опиша инцидентот како „исклучително сериозен” и во соопштението наведе дека во понеделник ќе дојде во Римини на безбедносен состанок.

Италијанските медиуми јавуваат дека маж избодел две контролорки на билети во автобус, а потоа во бегство уште три лица, меѓу кои и едно дете.

Сомалиецот (26) престојувал во Италија неколку месеци и поднел барање за азил. Тој е во Европа од 2015 година и веќе аплицирал за статус на бегалец во Данска, Шведска, Германија и Холандија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот