Ин Мемориам: Почина легендата на КК Вардар, Владимир Воиновски

фото: КФСМ

Денеска, на 84 годишна возраст, почина Владимир Воиновски долгогодишен спортски и пред сè, кошаркарски работник.

Воиновски долги години е претседател на КК Вардар и е еден од основоположниците на овој клуб.

Кариерата ја започнува во скопскиот клуб, уште во далечната 1957 година, како дел од семејната традиција да биде дел од црвено-црното семејство. Целиот играчки век го помина во овој клуб. Еден дел од кариерата мина во српскиот Партизан, по што повторно се враќа во Вардар и тука го завршува играчкиот пат.

Продолжува како функционер во Вардар, се до последните денови од својот живот,  во клубот на кој му го посвети целиот свој животен век.

Видео на денот