Имери, Радески и Стоилов не се повеќе дел од Шкупи

Шкендија и Шкупи се активни летово на меѓународната фудбалска сцена/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Македонскиот фудбалски шампион ја информираше јавноста дека се прекинува соработката со тројца играчи кои досега ги бранеа боите на клубот од Чаир.

Марјан Радески, Ѓорѓи Стоилов и Омар Имери одлучија ова лето да ја напуштат екипата на Шкупи.

Албанскиот играч од средниот ред Имери после шестмесечната позајмица се враќа во Турција во тимот на Бодрумспор.

Претходно Шкупи се раздели уште со шест фудбалери: Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје.

Играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Веќе одиграа и неколку пријателски натпревари, беа поразени од косовскиот Балкани (0:2), со истиот резултат загубија и од албанската Тирана, а ремизираа 2:2 со турскиот Фенербахче. Новата контролка е закажана за 25 јуни против Германштадт од Романија.

Во меѓувреме чаирчани го дознаа противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, тоа е Линколн Ред Импс. Првиот дуел ќе се игра во Скопје на 5 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Гибралтар. Победникот од овој двомеч, во второто квалификациско коло ќе ги одмери силите против хрватскиот првак Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот