„Имав тумор со големина на дете“: Познатиот актер беше на работ на смртта, сега откри како се борел со ракот

Фото: Инстаграм, Џеф Бриџис

На актерот Џеф Бриџис пред неколку години му беше дијагностициран рак, а минатата година отворено зборуваше за оваа болест.

Имено, тој боледувал од не-Хочкинов лимфом (НХЛ), но и од тежок облик на ковид-19, од кој заболел во 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)

„Кога првпат го открив туморот додека вежбав, тоа беше тумор со големина на дете во моето тело. Ниту болеше ниту ништо“, рекол тој на почетокот на својата исповед за магазинот „Пипл“.

Тој исто така истакнал дека „туморот се намалил до големина на таблета“ по хемотерапијата. Сепак, хемотерапијата го ослабнала неговиот имунолошки систем и во јануари 2021 година се заразил со вирусот ковид-19.

Тој открил дека бил блиску до смртта и поминал речиси пет месеци во болница, а на крајот бил лекуван со реконвалесцентна плазма, терапија која ја користи крвта на луѓето кои се опоравиле од болест за да им помогне на другите да закрепнат.

„Мојата сопруга Сју беше мојот апсолутен шампион. Таа навистина се бореше да ме држи подалеку од респираторот. Не сакав да бидам на респиратор, а ниту лекарите не го сакаа тоа, но таа беше непоколеблива“, рекол Бриџис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)


По тешкиот период, вели тој, е благодарен што е жив, а глумата и понатаму игра важна улога во неговиот живот.

„Чувствувам дека времето бара да бидеме што е можно покреативни. Сите заедно треба да работиме да направиме нешто убаво, исто како што правиме на филмовите“, заклучил актерот за „Пипл“.

Џеф Бриџис откри дека има рак: „Болеста е сериозна, но прогнозите се добри“

Џеф Бриџис за борбата со ракот: Бев болен речиси две години и сѐ ми делуваше како сон

ФОТО: По тешката дијагноза оскаровецот Џеф Бриџис ја избричи главата, но си набави и миленик!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот