Џеф Бриџис откри дека има рак: „Болеста е сериозна, но прогнозите се добри“

EPA-EFE/SHAWN THEW

Џеф Бриџис, славниот американскиот глумец и добитник на Оскар, откри дека има рак на лимфните жлезди.

70-годишниот Бриџис на Твитер напиша дека почнува терапија против „сериозна болест“.

Дијагностицирана ми е лимфома. Иако тоа е сериозна болест, за среќа имам одличен тим на доктори и прогнозите се добри.“, напиша глумецот на Твитер.

Лимфомата е облик на рак кој ги напаѓа лимфните жлезди. Не е прецизирано за кој вид на лимфом станува збор, но болеста, како што вели глумецот е во ран стадиум.

Споменувајќи го Дуд во својот твит, Бриџис се потсети на една од неговите најпознати улоги во култната комедија на браќата Коен, „The Big Lebowski“.

Instagram

Бриџис, кој има 70 години, освои Оскар за најдобар глумец во 2010 година, за улогата во филмот „Crazy Hearth“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот