Џеф Бриџис за борбата со ракот: Бев болен речиси две години и сѐ ми делуваше како сон

Фото: Инстаграм, Џеф Бриџис

Американскиот актер Џеф Бриџис ја објави веста дека му е дијагностициран лимфом во 2020 година. Лошата вест ја добил за време на паузата од снимањето на телевизиската серија „The Old Man“, а за да биде ситуацијата покомплицирана, актерот го прележал и коронавирусот додека посетувал хемотерапија.

„Заболев од рак и одев на хемотерапија, а згора на сѐ, фатив и коронавирус. Хемотерапијата ми го уништи имунитетот, па кога го фатив коровирусот, немав со што да се борам. Бев болен речиси две години и сѐ ми делуваше како сон“, се присети тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)

Бриџис вели дека, и покрај тешките месеци поминати во болница, морал да го извлече најдоброто од ситуацијата.

„Не е сѐ толку лошо. Болеста имаше и прекрасни аспекти, сосема неочекувани, како што беше сета таа љубов од семејството, пријателите и од сите луѓе ширум светот. Тоа беше прекрасно, неочекувано чувство. Си реков ‘О, да, ова е животот, ова е прекрасно’, и сè стана некако многу скапоцено“, вели актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)

Актерот сподели охрабрувачки вести за неговиот рак во јануари 2021 година, известувајќи ги обожавателите дека неговиот тумор „драстично се намалил“.

„Го прекинавме снимањето(на серијата ‘The Old Man’) поради пандемијата и паузиравме неколку месеци во кои започна мојата здравствена авантура. А потоа, две години подоцна, се вратив на работа и тоа беше најбизарното чувство – како да имавме долг викенд и едвај чекав да им кажам на пријателите за мојот сон: бев болен, бев во болница. Знаете, сѐ беше како во сон“, раскажува Бриџис.

Оскаровецот вели дека сега се чувствува одлично и дека е среќен што ја промовира својата серија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот