Имаат „доказ“, а Пирс Морган се брани: Дали британскиот водител е жената со гулабите од филмот „Сам дома“?

принтскрин/Twitter

Познатиот британски ТВ-водител повторно се соочува со споредбите со еден од најомилените ликови од култниот филм.

Британскиот водител Пирс Морган беше „обвинет“ од неговата колешка – водителка во емисијата „Добро утро Британија“, дека тој е жената со гулабите од филмот „Сам во дома 2“.

Урнебесна теорија на заговор

Сузана Рид во емисијата го обвини Морган дека тој е дамата со гулабите од Централ Парк со која малиот Кевин се спријатели во филмот и која, всушност, ја глуми Бренда Фрикер.

– Јас не сум таа – се правдал Морган во емисијата, на што Рид му одговорила: „Да, ти си, и за тоа имам доказ“.

Потоа, таа ја покажала фотографијата на која водителот позира со гулабите.

Фотографијата на Пирс и гулабите е направена во 2008 година за време на истата емисија, кога водителот исто така беше споредуван со актерката од филмот „Сам дома“. Интересно е дека сличноста меѓу нив прв ја забележал синот на водителот Пирс, Спенсер, а теоријата за сличноста особено одекна на Твитер.

Вистинската актерка од филмот е мошне задоволна од споредбите и ги смета за урнебесно смешни, пренесува „Дејли мејл“.

Која е, всушност, дамата со гулабите?

Во филмот „Сам дома“, кој секоја година е најголем празничен фаворит, дамата со гулабите го спасува ликот на Меколи Калкин, Кевин, откако разбојниците го бркаат во Централ парк. Дамата со гулабите, всушност, ја игра ирската актерка Бренда Фрикер.

Profimedia

Фрикер, која сега има 75 години, неодамна и самата ја насмеа јавноста кога призна дека Оскарот што го освоила за најдобра споредна улога во филмот „Моето лево стапало“ во 1989 година, го фрлила на дното на базенот.

– Сите бевме пијани покрај хотелскиот базен и сите сакаа да го видат мојот Оскар, па го фрлив во базенот – изјавила таа во една емисија, признавајќи и дека веднаш зажалила за својата постапка.

– Веднаш скокнав во базенот по статуетката, а по мене скокнаа и јапонски туристи кои сакаа да ги земат парите што ми паднаа од џебовите – додала актерката.

Покрај „Сам дома 2“ и „Моето лево стапало“, Бренда Фрикер во текот на својата кариера снимила повеќе од 50 филмови, а последната улога ја оствари во телевизиската серија „Прости ми“, чие снимање е завршено во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот