Има ли крај на женските маки? Како да ја спречите подуеноста на стомакот во климактериумот

Фото:

Климактериумот е период на многубројни промени во организмот на жената и речиси ниедна од нив не е пријатна. Гасовите во стомакот се, исто така, на тој список.

Што се случи за да се промени она (погрешното) уверување дека жените никогаш не испуштаат гасови и дека тоа го прават само мажите? Всушност, гасовите се сосема нормална и вообичаена појава.

Зошто се појавува подуеноста во климаксот?
Во текот на менопаузата доаѓа често и до зголемување на телесната тежина. Како да знаете дека дебелината е причина за големиот стомак кај жените во менопауза, а не подуеноста поради гасовите?

Подуеноста во климактериумот ја карактеризираат следните симптоми:
– Ненадејно зголемување на телесната тежина по јадењето;
– Промени во големината и обликот на стомакот во текот на денот;
– Непријатност, чувство на напнатост и болка.

Постојат повеќе мислења за тоа која е причината за подуеноста на стомакот во менопаузата:
– Се смета дека причината лежи во промената во нивото на хормонот естроген и неговите флуктации. Во ситуациите кога естрогенот е висок, тоа води до подуеност, како и до задржување на водата во организмот. И вишокот вода во организмот е една од причините за голем стомак кај жените во менопаузата.
– Стареењето на дигестивниот систем предизвикува создавање на повеќе гасови во стомакот во периодот на климактериумот отколку во помладите или средните години.
– Промените во навиките и исхраната. На жените често им се советуваат промени во исхраната кога ќе дојдат во климактериум за да се спречи губитокот на коскената маса. Лекарите тогаш советуваат храна без заситени масти, производи богати со влакна и со естрогени, а тоа се често производи кои предизвикуваат гасови. Исто така, многу жени се обидуваат да го надоместат калциумот така што го зголемуваат внесот на млекото и млечните производи. Во некои случаи, нетолеранцијата на лактоза може да биде причина за создавање на гасовите во менопаузата.
Подуеноста не е единствениот проблематичен симптом на климактериумот. Тука се и валунзите, несоницата, ноќното потење, промените на расположението, вагиналните промени.

Како да ја намалите подуеноста на стомакот во климактериумот?
Обрнете внимание на исхраната: Храната богата со влакна, шеќери и скроб е потешка за варење и тогаш цревата создаваат повеќе гасови. На црна листа по тоа прашање се: брокулата, цвеклото, зелката, житарките (освен оризот), мешунките (грав, леќа, грашок). Но, тоа не значи дека воопшто не треба да ги консумирате. Потребно е постепено да ги внесувате во исхраната. Започнете со мало количество и потоа зголемувајте го. Така ќе му дадете можност на телото да се привикне на нив. Тука се како посебна приказна газираните пијалаци. Јадете помалку храна со висок гликемиски индекс (бел леб и тестенини од бело брашно, бел компир…). Обидете се да го избегнувате глутенот, можеби тој ви штети и ви создава подуеност. Јадете повеќе протеини и здрави масти. Тоа вклучува јајца, пилешко бело месо, риба, кашкавал, овошје и зеленчук.
Овошјето јадете го посебно, за ужина, барем 2 часа пред и по јадењето. Во комбинација со мастите предизвикува гасови!
Консумирајте храна богата со калиум. Калиумот ги регулира течностите во телото и на тој начин ја минимизира подуеноста. Бананите, доматите, спанаќот и мангото се одличен извор на калиум.
Јадете побавно и џвакајте подолго. Поситната храна полесно се вари, а и ензимите на плунката имаат своја улога во тој процес. Избегнувајте солена храна.

Движете се. Неактивноста, исто така, доведува до тоа цревата побавно да работат.
Пијте доволно вода. Добрата хидратација и доволниот внес на течности секако ќе го потпомогне варењето.

Лекови против подуеност
Покрај промените во навиките, можете да пробате да ја намалите оваа непријатност и со лекови против подуеност кои се достапни и без рецепти.
Ако големиот стомак е последица на задржувањето на водата во организмот (што ќе сфатите по тоа, бидејќи е огромен и подуен, но немате гасови), можете да пробате и некои диуретици. На крај, решение може да бидат и хормонските таблети кои можат да помогнат да ги држите нештата под контрола.
Исто така, од корист можат да ви бидат и некои природни суплементи, како алое вера и дигестивни ензими. Пробиотиците може да бидат решение во некои случаи и да го потпомогнат варењето. Кога се лековите во прашање, најдобро е за нивната примена да се посоветувате со својот лекар.

Чај против подуеност

Билните чаеви можат да помогнат да се ослободите од подуеноста во менопаузата. Пробајте ѓумбир, чајот од нане и чајот од камилица се одличен избор ако сакате да ја елиминирате подуеноста на стомакот. Додајте свеж исечкан магдонос во јадењето, затоа што тој е природен диуретик. Јогуртот пак, содржи „добри“ бактерии кои можат да ја намалат подуеноста. На крај, еден од начините да се ослободите од подуеноста е она најмалку пријатното – да се ослободите од гасовите. Доколку тоа не оди како што сте планирале, можете да пробате да го масирате стомакот или да легнете на стомакот и да ги привлечете колената кон себе.
Ако подуеноста никако не престанува, трае со недели и предизвикува болки, јавете се кај лекар. Тоа може да биде знак за некои посериозни болести.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот