Има атмосфера како Земјата, има ветер, дожд и планини и е едно од најдобрите места во потрагата по живот

Тим истражувачи од НАСА и Европската вселенска агенција ја објави првата глобална геолошка карта на „Титан“, најголемиот сателит на Сатурн. Астрономите користеле податоци добиени од сондата „Касини“ меѓу 2004 и 2017 година за мапирање.

Сликата, објавена во специјализираното списание „Nature Astronomy“, покажува дека површината на „Титан“ е полна со дини, езера, рамнини, висорамнини и кратери и има голема сличност со Земјата.

Треба да се напомене дека сателитот на Сатурн е единственото небесно тело во Сончевиот систем, покрај нашиот, кој има стабилни течни тела на неговата површина.

– „Титан“ има атмосфера слична на Земјата. Има ветер, дожд, планини. Тоа е навистина интересен свет и едно од најдобрите места во Сончевиот систем за да се бара живот – рече раководителот на студијата, Розали Лопез.

Научниците исто така заклучија дека, како на Земјата, пределот на „Титан“ зависи во голема мера од географската ширина. На пример, екваторската област на Месечината е богата со динамика.

– Неверојатно е колку е јасна дистрибуцијата на географската ширина – рече Лопез, која ја опиша површината на сателитот на Сатурн како „една од геолошки најразличните во Сончевиот систем“.

Сателитот на Сатурн има густа атмосфера составена главно од азот кој служи како природен штит против сончевото зрачење и атмосферскиот притисок и е скоро еднаков со оној на нашата планета.

Покрај тоа, има значителни резерви на течен јаглеводород и стотици пати поголеми резерви на нафта и природен гас од резервите на Земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот