ИЛЈАДНИЦИ ВОЗИЛА ЗАГЛАВЕНИ ВО КАТАЛОНИЈА: Сепаратистите блокирале автопат, поставиле и барикади (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: EPA/David Borrat

Каталонските сепаратисти продолжија со блокада на автопатот кај градот Жирона и оставија заглавени илјадници автомобили и камиони, јавуваат тамошните медиуми.

Демонстрациите почнале во вторникот, кога демонстрантите блокирале автопат, а денеска во текот на утринските часови поставиле и барикади.

По неколку часа пристигнала полицијата која ги растерала демонстрантите, кои во меѓувреме запалиле некои барикади.

Фото: EPA/DAVID BORRAT

Локалните цивилни служби во текот на ноќта се грижеле за луѓето кои останале заглавени во своите автомобили.

Околу 80 луѓе биле однесени во околниот спортски центар за да одморат неколку часа.

Протестот е резултат на бесот на сепаратистите поради пресудата за каталонските политичари кои се осудени при обидот да прогласат независност на Каталонија.

Фото: EPA/DAVID BORRAT

Незадоволството е поттикнато и од националните избори, кои во неделата се одржаа во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот