Илјадници сиромашни Американци чекаат на ред за бесплатни мисирки, додека Трамп помилува една

epa08839898 US President Donald J. Trump, joined by First Lady Melania Trump (R) and Ron Kardel (L), National Turkey Federation Chairman, pardons Corn, the National Thanksgiving Turkey, during a ceremony in the Rose Garden at the White House, in Washington, DC, USA, 24 November 2020. EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Во пресрет на утрешниот празник во САД, Денот на благодарноста, во повеќе градови и населени места низ Америка се организира бесплатно раздавање мисирки. Во меѓувреме, акуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја отвори празничната сезона со традиционалното помилување на мисирка. Настанот се случи синоќа во Белата куќа. 

Печена мисирка е главниот елемент од празничната трпеза на Денот на благодарноста, најзначаен семеен празник во САД. 

Во повеќе градови и држави, на настани организирани од локални фирми или невладини организации за помош на сиромашните, илјадници социјално загрозени Американци чекаат на ред да добијат бесплатен „танксгивинг мил” (оброк за Денот на благодарноста), вклучително и мисирка. 

Така на пример, досега, над 30.000 бесплатни мисирки се раздадени во Тексас, над 5.000 во Њујорк сити. Редови за чекање да се добие мисирка се создаваат и во Вирџинија бич, Вирџинија, Сент Луис, Мисури или Орладно, Флорида, каде деновиве беа раздадени илјадници вакви птици.  

ВИДЕО I Америка пред колапс: Километарски колони чекаат да добијат хуманитарни пакети со храна

Очигледно, годинава бројот на бесплатни оброци за Денот на благодарноста е многу поголем, со многу загрозени семејства поради актуелната криза со коронавирусот во земјата. 

Во меѓувреме, Трамп синоќа на настан во Белата куќа ја отвори празничната сезона со традиционалното помилување на мисирката Корн. 

Погледнете во оваа убава убава птица. Корн, се ти се посреќи. Со ова те помилувам, рече претседаелот со подигната рака. 

Пред да го стори тоа, Трамп оддржа говор во еден „тажен спектакл со малку публика,” фалејќи ги добрите берзански индекси и благодарејќи на американските војници и безбедносни сили, кои ја „прават Америка безбедна, ја прават голема, и како што велем, ја ставаат Америка на прво место”.  

Даде зборови на благодарност и за сите доктори и медицински персонал, во првиот борбен ред против пандемијата. 

Говорот на Трамп не се разликуваше многу од неговите претходни, „и звучеше како безпомошна молба на остарен монарх”, додека демократот Џо Бајден формираше тим сличен на оној од времето на Барак Обама, со експлицитно одрекување од „Америка на прво место”, а спас на планетата и демократијата во светот, коментираа некои набљудувачи. 

-Хромата утка помилува мисирка, објави синоќа Јаху њус.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот