ВИДЕО I Америка пред колапс: Километарски колони чекаат да добијат хуманитарни пакети со храна

Американците беа разочарани од долгите редици за храна. Очигледно, слични хуманитарни акции ќе продолжат со месеци.

Минатиот викенд, Тексашката банка за храна дистрибуираше повеќе од 270.000 килограми храна, вклучувајќи 7.280 мисирки за претстојниот празник на Денот на благодарноста, во Далас. Илјадници граѓани пристигнаа со своите автомобили за да добијат бесплатни пакети со храна, бидејќи ги загубија своите работни места и приходите поради коронавирусната пандемија.

Се проценува дека околу 8.500 семејства добиле помош во форма на месо, овошје, зеленчук и друга храна доволна за околу 20 оброци.

Ана Куријан од Банката за храна во Тексас рече дека побарувачката се зголемила со пандемијата и дека овие активности започнале во март. Како што вели, забележани се голем број нови луѓе на кои им е потребна помош.

40 проценти од нив дојдоа за прв пат“, рече таа, додавајќи дека тоа е особено тешко за оние со деца.

Една од нив беше Саманта Вудс.

„Им благодарам на сите организатори. Фала му на Бога што успеав да го добијам мојот ред“, рече таа.

Многу жители на Тексас останаа без работа, а повеќето не можат да си ги плаќаат сметките за лекар, бидејќи го немаат потребното здравствено осигурување.

Ова се случува од март и не гледам дека наскоро ќе заврши кога нема вакцина или луѓето се враќаат на работа“, рече Џули Бутнер од организацијата Тарант ерија.

Особено е тешко за оние кои сакаат да го прослават Денот на благодарноста, но немаат финансиски средства за тоа.

Помошта од добротворни организации и компании е единствениот начин да се добие храна на нивната трпеза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот