Илјадници жени обвинети за вештерство во Шкотска постхумно ќе бидат помилувани

Вештерки илустрација/ Фото: profimedia

Илјадници жени обвинети за вештерство во Шкотска меѓу 1567 и 1736 година ќе бидат постхумно помилувани, пишува „Сандеј тајмс“.

Големиот лов на вештерки во Шкотска од 1597 година почнат е откако шкотскиот крал Џејмс четврти донел Закон за вештерки, а тоа резултирало со низа судења за околу 400 луѓе, главно жени и девојки, обвинети за различни облици на дијаболизам.

Предлог-законот за ова прашање во шкотскиот парламент обезбеди поддршка од администрацијата на првата министерка на Шкотска, Никол Стружан.

Натали Дон, пратеничка од Шкотската национална партија, вели дека предог-законот може да биде усвоен веќе следното лето.

„Правилно е да се исправи оваа грешка, да се помилуваат овие криминализирани луѓе, главно жени“, вели таа.

Во петицијата во рамки на кампањата „Вештерките од Шкотска“, се бара помилување, официјално извинување и спомен-обележје во знал на признание на шкотските вештерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот