Илјадници автори објавија „празна“ книга во знак на протест против користењето на вештачката интелигенција
Илјадници автори објавија „празна“ книга, наречена „Не ја крадете оваа книга“. Ова беше направено во знак на протест против компаниите за вештачка интелигенција (ВИ) кои, според нив, ја користат нивната работа без дозвола или надомест.
Препорачано
Околу 10.000 писатели учествуваа во проектот, меѓу кои Казуо Ишигуро, Филипа Грегори и Ричард Осман, пишува „Гардијан“.
Објавените книги не содржат текст, туку само список на имиња на автори, а копии ќе им бидат дистрибуирани на посетителите на Саемот на книгата во Лондон.
Објавувањето доаѓа една недела пред владата на Велика Британија да презентира проценка на економските трошоци од предложените измени во законот за авторски права. Министрите се должни да поднесат проценка на економското влијание до 18 март, како и извештај за напредокот на консултациите за правната реформа.
Организаторот на иницијативата, композиторот и активист за авторски права на уметници, Ед Њутн-Рекс, рече дека индустријата за ВИ е „изградена врз украдено дело земено без дозвола или плаќање“.
Меѓу авторите кои го поддржаа проектот се Мик Херон, авторката Маријан Кис, историчарот Дејвид Олусога и писателката Малори Блекман, кои оценија дека не е неразумно да се очекува компаниите кои развиваат вештачка интелигенција да плаќаат за користење на делата на авторот.
На задната корица од книгата е порака дека владата на Велика Британија не треба да ја легализира употребата на книги во корист на компаниите за вештачка интелигенција без дозвола од авторот.


