Илиевски: Натпреварот против Шкендија во Купот е вистинскиот мегдан за Работнички да покаже дека може многу подобро

фото: ФК Работнички

Работнички денеска ја пречекува Шкендија во осминафиналето на Купот на Македонија. Натпреварот ќе се одигра на теренот на ФФМ, со почеток во 14.00 часот.

По првенствениот пораз од Вардар, тренерот на „романтичарите“ Милан Илиевски очекува од фудбалерите да одиграат многу подобро, да покажат дека можат и да свртат сезоната во позитивна насока.

– Натпреварот против Шкендија во Купот е вистинскиот мегдан за Работнички да покаже дека може многу подобро. Полошо од изданието што го имавме против Вардар веројатно дека и не може. Мислам дека сега треба сите ние да смогнеме сили и да покажеме дека сме способни за многу повеќе. Желба, цврстина, карактер, победнички дух, тоа се карактеристики што отсекогаш го краселе Работнички и овој тим мора да знае дека треба да прикажува такви игри.

Имавме еден меч против Шкендија во првенството оваа сезона, имавме водство до судиското продолжение, а потоа примивме два гола и загубивме. Се надевам дека научивме многу од тие грешки и верувам дека ќе бидеме многу, многу подобри од претходниот натпревар – изјави Илиевски.

Дуелот меѓу Работнички и Шкендија ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.

Куп на Македонија
Осминафинале

Денеска, 14.00 часот
Брегалница Штип – Јанг Тим Струга
Брера Струмица – Гостивар
Пелистер – Тиквеш
Работнички – Шкендија
Шкупи – Охрид
Силекс – Башкими
Вардар – Македонија ЃП
Воска Спорт – Струга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот