Илиев блескаше во Лондон на дебито за Шрусбери таун! (ВИДЕО)

Фото: facebook.com/ilievdejan1

Македонскиот репрезентативен голман од Арсенал е на позајмица во Шрусбери таун кој настапува во првата англиска лига, или трета по квалитет во таа земја, после Премиер лигата и Чемпионшип.

Дејан Илиев дебитираше за неговиот клуб кој триумфираше минимално со 0:1 на гостувањето кај екипата на АФЦ Вимблдон.

Значаен придонес во освојувањето на трите важни бода имаше токму нашиот чувар на мрежата со неколку одлични одбрани, а пофалби доби и од противникот после мечот.

За Шрусбери таун после шест одиграни меча во сезоната ова беше само првиот триумф, а во наредното коло ќе се соочи со Бристол роверс за два дена на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот