Играше за Галата, репрезентативецот потпиша за МЗТ (ФОТО)

mztskopjeaerodrom

Николов (22 год, 188 см) од денеска е нов член во редовите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша едногодишен договор со „штрковите“.

Станува збор за плејмејкер кој со 18 години дебитираше во најсилното европско клупско натпреварување како играч на Галатасарај, а претходно, со 15 години, осум месеци и девет дена настапи во дресот на Македонија на средба против Русија во 2012 година.

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Тој во таборот на гигантот од Истанбул замина во 2014 година и се задржа во следните две сезони, по што мина извесен период во екипите на Јесилгиресун во два наврати, Трабзонспор и Истанбул ББ. Минатата сезона ја одигра во дресот на Петким.

Со ангажманот на Николов и претходното задржување на Андреј Маслинко и Андреј Магдевски, уште еднаш ја потврди определбата за ангажирање на најталентираните кошаркари кај нас.

Покрај нив тројца, во моментов под договор со МЗТ Скопје Аеродром се уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот