Маслинко останува во МЗТ Скопје Аеродром

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Маслинко денеска потпиша нов едногодишен договор со МЗТ, а неговото задржување е нова потврда на заложбите за давање шанса на талентираните домашни играчи, кои во иднина би биле движечка сила на македонската кошарка во целост.

Стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов од крилниот центар очекуваат да се наметне како една од (нај)важните алки во играта на шампионот и во целост да го покаже сиот свој раскошен талент.

Талентираниот кошаркар минатата сезона настапи на 16 средби во домашното првенство со просек од 10,2 поени и 4,9 скока, со напомена дека пропушти поголем дел од вториот дел од сезоната поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот