Играч на ФМП негативен на ковид-19, откажан мечот со МЗТ Скопје Аеродром 2!

Фото: fmp.mk

Како што информираат од кошаркарскиот клуб ФМП Академија заради блага настинка и заради сигурност на останатите соиграчи и стручен штаб како и на сите учесници во кошарката, во текот на вчерашниот ден на еден од своите играчи беше извршено ковид-19 тестирање.

Беше установено дека играчот на ФМП Академија е негативен на вирусот.

Заради воочените симптоми беше откажан и нивниот пријателски натпревар против екипата на МЗТ Скопје Аеродром 2.

– Со ова ја потврдуваме нашата транспарентност кон целата ситуација предизвикана од корона вирусот и ги демантираме сите шпекулации дека било кој од играчите, стручниот штаб и администрацијата е заболен од ковид-19.

Продолжуваме да ги следиме протоколите и препораките од кошаркарската федерација и од Владата на Македонија! Бидете одговорни и заштите го Вашето и здравјето на другите! – стои во соопштението на ФМП Академија до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот