Играч на Аталанта го барал неговиот дрес, Роналдо го понижил

Кристијано Роналдо беше голем ривал на Лео Меси во Шпанија/Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс во својата автобиографија пишува како поминал кога се обидел да го размени дресот со Кристијано Роналдо.
Левиот бек на Аталанта по еден натпревар со Јувентус сакал да го размени дресот со Португалецот, но наместо дресот со бројот седум добил понижување.

„По натпреварот со Јувентус, сакав да го исполнам својот сон и да го добијам дресот на Роналдо. Кога судијата отсвире крај на натпреварот наместо да ја прославувам победаата, јас отидов до Роналдо и го прашав: Кристијано, може ли да го добијам дресот? Тој не ме ни погледна и само ми кажа: НЕ“, открива Госенс во својата автобиографија.
„Се зацрвенив и засрамив. Се оддалечив од него, и во тие моменти се чувствував толку мал… Го знаете чувството кога ќе ви се случи нешто лошо и се вртите околу себе да видите дали некој го приметил тоа. Е токму тоа го направив јас“, пишува фудбалерот на Аталанта.

Во книгата не е наведено по кој меѓусебен дуел се случило ова, но моментно Аталанта е подобропласирана од Јувентус во Серија А, но има и натпревар повеќе.
Аталанта е трета со 58 бодови, а Јувентус е четрти со 56 и го очекува дуелот со Наполи кој е во серија од четири победи по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот