Игор Михајловски е новиот тренер на КК Работнички

Игор Михајловски е наследникот на Тони Симиќ кој досега го водеше Работнички/Фото: kfsm.mk

Игор Михајловски ќе го наследи Тони Симиќ на клупата на кошаркарскиот клуб Работнички.

Поради финансиските проблеми од тимот си заминаа странците, па клубот остана само со младите играчи со кои ќе се обидат да обезбедат опстанок.

Моментно екипата во Првата македонска кошаркарска лига се наоѓа на осмото место со 20 бодови.

Претходно Михајловски во својата тренерска кариера ги водеше екипите на Куманово и Кожув.

Следниот лигашки дуел според календарот Работнички ќе го има на 12 февруари на гостински терен против ТФТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот