Игор Ангеловски повеќе не е тренер на Каспиј

фото: instagram.com/caspiy_fc

Во рамките од 15 коло во најсилното фудбалско првенство на Казахстан екипата на Каспиј Актау во неделата загуби на домашен терен со 1:2 против Жетису Талдикорган.

Тоа е веќе четврти пораз во низа за Каспиј Актау во шампионатот за моментно 13 претпоследно место на табелата со 10 бодови. На прес конференцијата по мечот поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски изјави дека повеќе нема да биде тренер на Каспиј Актау. Истата изјава ја објави и клубот на својот Инстаграм профил.

– Сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои играа вчера, сакам да им се заблагодарам и на играчите кои беа на клупата: половина од нив се деца од нашата академија. Немаме доволно играчи за да оствариме позитивен резултат. Кога пристигнав овде, пред два месеци, ми рекоа дека клубот е на последното место со нула бодови и морам да направам селекција и да ги пуштам повеќето играчи. Исто така, сè уште требаше да најдеме нови играчи. Ослободивме 12 лица, меѓу нив беа тројца кои се обидовме да ги задржиме во клубот, Диакате, Бриџидо, Џигаури, но не можевме да се договориме со нив – рече Ангеловски.

Македонскиот тренер веќе ги известил раководните лица на клубот и играчите дека поднесува оставка.

– Имавме две недели пред мечот со Жетису и се подготвувавме, работевме, имаше само 10 базни играчи на тренинзите, а останатите беа деца на нашата фудбалска академија. Многу тешко го заработив моето тренерско име и не сакам да го изгубам. Веќе ги известив играчите и раководството дека поднесувам оставка. Се надевам дека на следниот тренер ќе му се обезбедат подобри услови за работа и подобри играчи. Се надевам дека Каспиј ќе обезбеди опстанок во лигата. Благодарност до навивачите кои не поддржаа. Исто така, многу сум им благодарен на луѓето кои работат во клубот, на сите им посакувам многу среќа – се зборовите на Ангеловски.

Само нешто повеќе од два ипол месеци траеше соработката на Ангеловски со клубот од Казахстан. Во својата тренерска кариера нашиот стратег го водеше и Работнички, како и хрватскиот клуб Горица со кој исто така немаше добри резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот