Ибиши за три бода на Вардар во Тетово

фото: ФК Вардар

„Црвено-црните“ ги обезбедија трите бода благодарение на голот на Џемал Ибиши во второто полувреме кој донесе големи три бода пред паузата која претстои во нашиот шампионат поради репрезентативните обврски.

Очекувано првиот дел мина со тврда игра на двете страни, со по една до две шанси за гол. Во првиот дел одбраната на Вардар делуваше добро, а нападот воглавно одеше преку одличниот Жуниор, кој беше повторно расположен за надигрување.

Токму Бразилецот ја имаше најголемата шанса во првиот дел да го отвори резултатот, убаво исфрли еден противнички играч, биеше по земја, голманот на домаќините ја допре топката доволно за да не заврши во голот, односно само во стативата.

Во второто полувреме Вардар тргна по гол, се играше 63. минута, а Васоски во игра ги внесе Ибиши и Цветановски на местата на Адем и Колевски. Само две минути потоа, Џемал Ибиши постигна погодок за водство на Вардар.

Пред самиот крај на натпреварот, поточно во судиското надополнување (90+2), Кадриу одлична шанса да им донесе барем бод на „гипсарите“, но Гачевски спаси сигурен гол на Ренова и израмнување.

Прва македонска фудбалска лига

4. коло, резултати –

Сабота
Борец-Шкендија 1:0
Работнички-Академија Пандев 1:2
Силекс-Македонија ЃП 3:4
Струга Трим Лум-Шкупи 1:1

Недела
Ренова-Вардар 0:1

Табела:

1.Академија Пандев 10 бодови
2.Македонија ЃП 8
3.Струга Трим Лум 7
4.Ренова 7
5.Вардар 7
6.Шкупи 5
7.Борец 4
8.Силекс 3
9.Работнички 3
10.Шкендија 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот