ИАТА: Под ризик се 25 милиони работни места во авио-сообраќајот

Здруженијата за заштита на потрошувачите ги критикува авио-компаниите заради кршење на прописите врзани за поврат на пари на купувачите на авио-билетите во дефинираните рокови.

Авио-компаниите предупредуваат дека заради падот на патувањата, предизвикан од пандемијата на коронавирусот, може под ризик да се најдат 25 милиони работни места низ целиот свет, па затоа Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) побара итна помош од владите, бидејќи на авио-компаниите почна да им недостасува готовина.

Глобалниот авио-сообраќај на почетокот од второто тримесечие опадна за 70 проценти, соопшти ИАТА на денешната интернет прес конференција на која беше соопштено дека европските летови, пак, опаднале за 90 отсто, пренесоа британските медиуми.

Генералниот директор на ИАТА, Алексанадр де-Жинијак, кажа дека авио-компаниите ширум светот не можат да си дозволат враќање на парите за откажаните летови заради кризата со коронавирусот, и дека превозниците место тоа издаваат ваучери затоа што ја чуваат готовината за да преживеат.

-Клучната работа за нас е да избегнеме да останеме без готовински средства,така што враќањето пари за откажаните билети за нас е речиси неизводеливо, ако се гледа  од финансиски аспект, изјави Де Жинијак.

Здруженијата за заштита на потрошувачите ги критикува авио-компаниите заради кршење на прописите врзани за поврат на пари на купувачите на авио-билетите во дефинираните рокови.

ИАТА , исто така, соопшти дека една третина од вработените во авио-компаниите или се на принуден одмор или ги загубија своите работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот