И Вардар со една нога на Ф4 во СЕХА: Војводина во „Јане“ декласирана со 13 гола разлика

Фото: РК Вардар

По денешниот прв натпревар на Вардар на гости кај Војводина ќе биде само формалност, бидејќи „црвено-црните“ во „Јане Сандански“ го декласираа српскиот тим со убедливи 38:25.

Доминираше Вардар против Војводина од почетокот до крајот, но треба да се знае дека српскиот тим во Скопје допатува без некакви големи амбиции и со подмладен тим.

Таквата ситуација на теренот донесе само полесен тренинг за вардарци. Убедливиот триумф беше најавен уште во првото полувреме по кое Вардар водеше со 22:11. Во вторите 30 минути ништо не се промени на теренот и беше прашање само со колкава разлика ќе слави македонскиот претставник.

Јан Чувара беше најефикасниот кај Вардар со 10 гола, Куни Моралес постигна осум пет додаде Дутра, а со четири гола натпреварот го заврши Филип Талески. Треба да се истакне и Гогов на голот кој собра десет одбрани.

Во Војводина на реваншот Вардар ќе гостува на 11. април. Ќе потсетиме, пред пласман на завршниот турнир е и Еурофарм Пелистер кој пред два дена во Битола го совлада Татран со 37:29.

Татран прегазен во Битола, Еурофарм Пелистер пред промоција на Ф4 во СЕХА!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот