И Вардар му испрати понуда, Хонда очајно бара трансфер! (ФОТО)
Поранешниот јапонски репрезентативец, Кеисуке Хонда, очајно посакува да заигра за некој клуб, а доказ е и неговата објава на Твитер, во која се чуди зошто никој „не му нуди“ договор.
Препорачано
После неговата објава повторно голем број на клубови му праќаат понуди и се интересираат за 33-годишниот фудбалер, поточно им бил понуден од неговиот менаџер.
Why don't you offer me? I'm sure that I'm still one of the best player in Asia.
— KeisukeHonda(本田圭佑) (@kskgroup2017) October 25, 2019
Не е познато дали тој таквите понуди ги гледа или не, или пак бара сериозна понуда од поголеми клубови каде што повторно ќе игра на големата сцена.
Да потсетиме во текот на минатата натпреварувачка сезона ги бранеше боите на Мелбурн виктори.
– Зошто никој не ми дава понуда? Сигурен сум дека уште сум еден од најдобрите фудбалери во Азија” – напиша некогашниот играч на Милан, ЦСКА, Нагоја и други клубови, а се обиде и како селектор на Камбоџа.


