И тоа е можно: Златан Ибрахимовиќ пред изненадувачки трансфер!?

twitter.com/En24News

Поради новите проблеми кои дојдоа во Милан, се шпекулира дека Швеѓанецот би можел да ја продолжи кариерата во својот Хамарби.

Златан Ибрахимовиќ би можел после само пола година да го напушти Милан, во кој дојде со цел со своето искуство да го врати клубот на победничките патеки.

Додека се играше фудбал, до почетокот на март, 38-годишниот Швеѓанец беше еден од главните играчи на „росонерите“ и во Милано повторно владееше оптимизам.

Но, дојдоа нови проблеми во раководството на клубот од „Сан Сиро“, поради кои си замина Звонимир Бобан од функцијата шеф на фудбалски операции во клубот, а наскоро би можел истото да го направи и Паоло Малдини кој моментно е технички директор на екипата.

Поради ваквата лоша ситуација, според шведските медиуми Ибрахимовиќ се поврзува со заминување од клубот со кој има договор до 30 јуни 2020 година и не е познато дали ќе ја продолжи соработката со калчолигашот.

Ја искористи принудната пауза во Серија А, со тренинзи и играње контролни натпревари за Хамарби во Шведска за да ја одржи формата, за клубот во кој Златан има 25 отсто сопственост од акциите.

Има шанса да го ангажираме во екипата, верувам во тоа. Но, на крајот, тоа го знае само Златан – потврди спортскиот директор на Хамарби, Јаспер Јансон за „Експресен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот