И постхумно пишува историја: Витни Хјустон со дијамантски статус за „I Will Always Love You“
Десет години по нејзината предвремена смрт Витни Хјустон продолжува да се искачува на топ листи, крши рекорди и испишува значајни моменти во музичката историја – само докажувајќи го својот статус на безвременска икона.
Според Билборд, изведбата на песната „I Will Always Love You“ од Доли Партон на покојната пејачка станува сертифицирана како дијамантски сингл од Асоцијацијата на индустријата за снимање на Америка („RIAA“).
View this post on Instagram
Албумите и сингловите се сертифицирани за дијаманти откако ќе продадат и стримуваат 10 милиони еквивалентни единици во Соединетите Држави, и е исто како да стане 10 пати платина.
Оваа најнова пресвртница е четврта дијамантска сертификација на Витни. „I Will Always Love You“ се појавува на саундтракот за филмот „The Bodyguard“, кој стана платинест 18 пати. „Whitney Houston“ од 1985 година и „Whitney“ од 1987 година исто така станаа дијаманти.
View this post on Instagram
Сепак, „I Will Always Love You“ е нејзиниот прв дијамантски сингл. Таа е трета жена изведувач која има сингл со дијамантски статус, како и албум, заедно со Мараја Кери и Тејлор Свифт.
„The Bodyguard“ служеше како филмско деби на Витни и „I Will Always Love You“ го освои местото број 1 на „Hot 100“ топ листата на 28 ноември 1992 година. Помина 14 недели на врвот на табелата и продаде 3,1 милиони копии, станувајќи најпродаваниот сингл во годината за девет недели.