И поранешната соработничка на Менсон тврди дека тој ја злоставувал

Instagram
Instagram

Мерилин Менсон својата поранешна асистентка ја принудувал да работи 48 часа без престан за време на журките на кои имало оргии и на кои се консумирала дрога. Тој им кажувал на своите пријатели дека смеат да ја допираат, удираат и бакнуваат, се наведува во обвинението кое денес беше доставено во судот на Лос Анџелес.

Ешли Валтерс, поранешната соработничка на рок ѕвездата, го тужеше за злоставување и сексуално вознемирување, заедно со уште шеснаесет други жени, наведува Дејли мејл.

Во обвинувањата кои се подигнати против рок ѕвездата се тврди дека тој ја силувал својата поранешна сопруга Еван Рејчел Вуд, како и дека сексуално ја злоставувал Есма Бјанко за време на нивната двегодишна врска.

Валтерс тврди дека Менсон започнал да ја злоставува не долго откако се запознале, уште во далечната 2010 година. Таа тврди дека за време на 12 месеци, колку што работела за него, живеела во постојан страв од насилничкото однесување, и дека често работела и по 48 часа, бидејќи тој организирал кокаински журки.

Доколку му се спротивставела, Менсон ја гаѓал со чинии и ја трескал од ѕид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот