И Милосављев не издржа: Од наредната сезона во Фуксе Берлин!
Милосављев беше вистинско откритие во „црвено-црниот“ дрес, откако дојде од екипата на Партизан.
Препорачано
Токму овој трансфер воедно беше прогласен за број еден во Европа. Лани потпиша договор на три години со Вардар.
– Среќни сме што успеавме да го донесеме еден од најталентираните млади голмани во Европа. Брани одлично уште на млади години – беа зборовите на тренерот на Берлин, Велимир Петковиќ.
?Transfer news?
The Serbian international goalkeeper of @RKVardar, Dejan Milosavljev, joins @FuechseBerlin on a 4-year contract from the upcoming season.
?: @FuechseBerlin #handball #ehfcl #dkbhbl pic.twitter.com/VSHP5pRo7c— Hballtransfers (@Hballtransfers) May 30, 2019
Оваа преселба во Германија се случува на два дена пред настапот на Вардар на Фајнал фор турнирот во Лигата на шампионите.
– Мојот сон беше еден ден да настапувам во Бундес-лигата, со овој трансфер, желбата ми се исполни – истакна Милосављев кој ќе игра за бундеслигашот до 2024 година.
Финансиските проблеми во РК Вардар го прават своето, воедно од претходно се договорени трансферите на Рожерио Мораеш во Веспрем, Игор Карачиќ во Келце за наредната сезона, а Даинис Кристопанс во 2020. година ќе биде дел од ПСЖ.


