И Македонците веруваат дека новиот вирус настанал во кинеска лабораторија

epa08365528 Researchers work in a lab of Wuhan Institute of Virology (WIV) in Wuhan, Hubei province, China, 23 February 2017 (issued 16 April 2020). EPA-EFE/SHEPHERD HOU CHINA OUT

Веста за тврдењето на кинеската докторка Ли Менг Јан дека вирусот САРС-КоВ2 настанал во лабораторија, а не во природа, предизвика вистински земјотрес на профилите на социјалните мрежи на „Слободен печат“. Трудот на професорката Јан е објавен на 8 октомври на истражувачкиот ковид-портал Зенодо: „САРС-КоВ2 како неограничено биолошко оружје“.

Ли Менг Јан е професорка од најреферентната биолабораторија од Универзитетот во Хонгконг, а од 28 април живее во САД. Во Америка професорката е дочекана како „кинески Сноуден“ и треба да сведочи за одговорноста на Кина за појавата на заразата.

Голем дел од нашите читатели и следбеници веруваат во тврдењето на кинескиот виролог Јан, дека коронавирусот е биолошко оружје наменски произведено во кинеска лабораторија и пуштено меѓу луѓето, иако ваквата теорија е демантирана и отфрлена од научниот свет.

„Не треба да бидеш лекар за да сфатиш дека е биолошка војна“,

„Од самиот почеток сомнежот е дека е бојно, лабораториско и опасно. Луѓето се заморчиња. Заразно е и треба да се внимава“,

„Од Вухан заразата се прошири низ цел свет, се заразија милиони луѓе, а Шангај и Пекинг, градови во Кина, немаат многу заразени, дневно имаат по 15, 20, а ние по 300 и повеќе. Значи сѐ е јасно“,

„Кaкo и дa е, целтa им е да се изретчи чoвештвoтo. Тие се бoлни“,

„Тоа е точно, биолошка и психолошка војна“, се само дел од многубројните коментари на социјалните мрежи.

Објавениот труд на професорката Јан е поддржан од тројца истражувачи поврзани со Здружението за владеење на правото, за кои не е познато дека работат на заразни болести.

Ова здружение е основано од поранешен ПОТУС (претседател на САД) советник што неодамна беше обвинет од Федералното биро за истраги (ФБИ) за измама, заедно со Гуо Венгуи, кинески бизнисмен што избега од Кина во 2014 година поради обвиненија за мито и друго. Поради тоа, многумина се скептични во однос на легитимноста на трудот.

Откако Јан и нејзиниот тим јавно проговорија за потеклото на ковид-19, многу експерти во светот одлучија да ги споделат своите размислувања за контроверзниот вирусолог, вклучително и нејзините колеги, а многумина велат дека истражувањето на Јан нема научна основа.

Откако трудот на Јан беше објавен на истражувачкиот ковид-портал Зенодо, неколку водечки експерти за еволутивна биологија и заразни болести излегоа со иста реакција: научниот труд е слаб.

„Овој извештај пред печатење не може да добие никаков кредибилитет во сегашната форма“, рече Ендру Престон, експерт за микробиолошка патогенеза од Универзитетот во Бат во Велика Британија.

Трудовите објавени на веб-страниците пред печатење не поминале низ ригорозна рецензија, што е потребно за да бидат трудовите објавени во научни списанија, што значи дека трудот не е прецизно идентификуван како факт.

Покрај тоа, авторите на трудот не доставиле никакви препораки за поддршка на нивните тврдења, што е клучно за секој истражувачки труд.

Кинеска докторка со нови шокантни докази: Короната е биолошко оружје создадено во воена лабораторија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот