Кинеска докторка со нови шокантни докази: Короната е биолошко оружје создадено во воена лабораторија

принтскрин/Youtube

Иако научниците ширум светот тврдат дека вирусот настанал во природата и дека никако не можел да биде вештачки створен, Ли Менг Јан, кинески виролог, тврди дека коронавирусот настанал во воена лабораторија.

Таа го обвинува Пекинг дека го фабрификувал геномот на вирусот за да го прикрие фактот дека развил биооружје.

Ли Менг наведува дека вирусот е значајно вирулентен и може да предизвика големи жртви. Многу е заразен и лесно се пренесува, често преку респираторен пат во облик на аеросоли. Релативно е отпорен на промените во животната средина, може да издржи транспорт и способен е за целно испуштање.

Професорката Ли Менг и нејзините тројца колеги на повеќе од 50 страници тврдат дека вирусот SARS-KoV-2 настанал во неколку светски лаборатории, од кои оние во Кина се под контрола на тамошната војска.

Како еден од главните автори на коронавирусот таа ја означува докторката Зенгли Шу, која во западните медиуми е позната како „Бетвомен“ (жена лилјак), а во 2012 година експериментирала со лилјаци.

Трудот на професорката Ли Менг Јан е објавен на 8 октомври на истражувачкиот ковид-портал Зенодо: „SARS-KoV-2 како неограничено биолошко оружје“.

Ли Менг е професорка од најреферентната биолабораторија од Универзитетот во Хонгконг, а од 28 април живее во САД. Во Америка професорката е дочекана како „кинески Сноуден“ и треба да сведочи за одговорноста на Кина за појавата на заразата.

Во меѓувреме, кон средината на септември суспендирани ѝ се налозите на социјалните мрежи во САД, откако на Фокс њуз зборуваше за биотероризмот. Минатата недела нејзината мајка била уапсена во Кина.

Нејзиниот најнов труд веројатно нема да ѝ донесе популарност во Светската здравствена организација.

Претходно тврдеше дека лично го известила својот шеф, првиот човек на најпрестижната биолабораторија на светот на своето истражување дека вирусот е плод на кинеските лаборатории. Според нејзините зборови, шефот ѝ советувал да молчи поради нејзина безбедности и затоа се одлучила да побегне во САД.

Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот