И легендарниот Жељко Бебек овој август доаѓа во Охрид! 21-ви август, Антички театар

Покрај Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Екипа, Авалон Продукција потврди уште едно големо име кое доаѓа во Антчки во Охрид, во последиот квартал на ова лето.

Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, со којшто бевме приморани да ги откажеме двата речиси распродадени концерти во Македонската филхармонија, а кои требаше да се одржат на крајот од месец март, овој пат ќе одржи свој концерт на 21-ви август во Охрид на отворено.

Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Античкиот театар, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“…, потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“…, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јуни во 09 часот наутро, а од четврток и во Avalon Music and Ticket store во ГТЦ и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава.

Од Авалон потсетуваат дека капацитетот на Антички ќе биде намален за 50 %, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, а во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот