И германскиот бек Дисингер ќе го напушти Вардар 1961

Фото: SEHA LEAGUE

На крајот од оваа сезона „црвено-црните“ ќе се разделат со уште еден играч, 29-годишниот лев бек Кристиан Дисингер.

Германецот одлучи својата кариера да ја продолжи во Романија, поточно во редовите на актуелниот национален шампион Динамо Букурешт. Романскиот клуб потврди дека Дисингер се согласи за договор на две години.

Со Вардар во сезоната 2018/2019 успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Во својата клупска кариера пред да се пресели во Скопје, ги бранеше уште боите на Кил, Либек, поранешниот Атлетико Мадрид, Кадетен Шафхаузен и Лудвигсхафен.

Од претходно е веќе познато дека Вардар ова лето ќе го напуштат тренерот Стевче Алушовски, голманите Марко Кизиќ и Робин Кантегрел, Ловро Јотиќ и Иван Чупиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот