И другарот на Красниќи, Сехад Рамадани избега од затвор

Фото: Профимедиа

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група” на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување”, „киднапирање” и „рекет”.

Агим Красниќи и Сехад Рамадани од вчера се и официјално бегалци.

Директорот на затвор Штип Мики вели дека Красниќи и Рамадани во понеделникот не се јавиле во затворот по викенд отсуството, а согласно Законот по поминати 48 часа ги известиле Управата за извршување на санкции, судот и полицијата.

-Двете лица од септември 2017 година користат редовно викенд отсуство, годишен одмор и имаат слободни 7 часа прошетка низ градот. Досега редовно се имаат враќано и немавме никакви индиции, односно немавме никакви сомневања дека по ова викенд отсуство нема да се вратат, вели Тодоров.

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група” на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување”, „киднапирање” и „рекет”. Красниќи и Рамадани имале казна затвор од по 15 години, а досега и двајцата имаат отслужено вкупно 12 години, а за доизвршување на казната затвор им остануваат уште три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот