И бугарски обвинители ќе ја истражуваат авионската несреќа кај Солунска Глава

Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „Цесна” кај Солунска Глава на 2 април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.

Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, пренесува Бгнес.

Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Северна Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот.

Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во Северна Македонија. Формирана е комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИНСИВ, ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во координација со властите во Софија, договорено е дел од комисијата да бидат и двајца бугарски истражители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот