И Алијанса предводена од Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд
Пратеникот Халил Снопче вели дека го оспоруваат Законот во делот на нееднаквата примена на системот „Безбеден град“ односно дека тој ќе се спроведува во три градови – Скопје, Куманово и во Тетово, како и на коридорите 8 и 10, но не и на целата територија на земјава. Снопче вели дека иницијативата ја поднеле денеска бидејќи чекале Законот за прекршоци и официјално да стапи на сила.
Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд со која се оспорува уставноста на измените на Законот за прекршоци. Два дена пред стартот на системот „Безбеден град“ ова е трета иницијатива со која се оспорува уставноста на законот.
Препорачано
Уставниот суд веќе формираше предмет по иницијативите на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села и од Илир Пачуку во кои се оспорени измените на Законот за прекршоци, во делот кој се однесува на воспоставувањето и функционирањето на електронскиот систем за надзор во сообраќајот, познати како „Безбеден град“.
Пратеникот Халил Снопче вели дека го оспоруваат Законот во делот на нееднаквата примена на системот „Безбеден град“ односно дека тој ќе се спроведува во три градови – Скопје, Куманово и во Тетово, како и на коридорите 8 и 10, но не и на целата територија на земјава. Снопче вели дека иницијативата ја поднеле денеска бидејќи чекале Законот за прекршоци и официјално да стапи на сила.
-Членот 9 од Уставот гарантира еднаквост на сите граѓани. Примената само во три градови не нуди еднаквост на граѓаните – вели Снопче.
За Алијанса предводена од Села е спорно што со овој проект се наметнува законска обврска на сите граѓани да имаат личен телефонски број, електронска адреса, за да се остварат комуникациите и да се биде достапен при евентуална порака за прекршок. Се тврди дека е спорно што во ниеден дел не е предвидено дека во телефонската порака или електронска комуникација треба да се испочитува член 7 од Уставот, во насока на Законот за употреба на јазиците. Се наведува и дека сите граѓани не се ставени во иста положба, бидејќи системот се спроведува само во Скопје, Тетово и во Куманово, за што тврди дека „под лупа“ е ставено албанското население кое на овие територии е во поголем број, за разлика од другите градови во државата.
За Илир Пачуку, подносител на втората иницијатива е спорно тоа што овој систем се применува само на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, а не во целата држава и поради тоа тврди дека има селективна територијална примена и спорен начин на кој се применува. Се додава дека не е јасно по кои критериуми се избрани токму овие градови и колку долго ќе трае примената. За подносителот спорна е и т.н „пилот фаза“ бидејќи, според него е нејасна и временски неограничена.
ДУИ не го поддржа, но власта обезбеди 81 глас за „Безбеден град“


