Хути во Јемен / Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Хутите извршија трет напад врз американски носач на авиони

Хутите извршија трет напад врз американскиот носач на авиони Хари Труман во Црвеното Море, изјави портпаролот на јеменските бунтовници. Информацијата не е потврдена од официјални извори.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе го смета Иран одговорен за секој понатамошен напад.

Пентагон соопшти дека операциите против јеменските шиитски бунтовници поддржани од Иран се различни од оние под претходната американска администрација и вклучуваат широк опсег на цели, вклучително и високи членови на движењето.

Во американските напади загинаа 53 лица, според здравствените власти контролирани од Хутите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот