Хуманитарна катастрофа: Играта со мигрантите на Лукашенко му се врати како бумеранг

Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Белорускиот лидер Александар Лукашенко мислеше дека ќе ја надмудри Европската Унија и ќе се одмазди за санкциите, со тоа што ќе им ги испрати сите мигранти на територија на ЕУ.  

Белорусија им додели студентски визи на бегалците од Сирија, Ирак, Авганистан и Северна Африка, а Лукашенко им дозволи таквите да ги купат или да ги добијат директно на аеродромот во Минск, и на сопствен трошок им обезбеди трансфер до полските, литванските или летонските граници каде што им беше дозволено „сами да побегнат“.  

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/NIKOLAI PETROV / BELTA POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Неуспешен план  

Но, откако трите земји почнаа да градат огромни бариери на далечните источни граници на ЕУ, враќајќи ги бегалците во Белорусија, контролирајќи ја границата, дури и со хеликоптери и беспилотни летала, воведувајќи и дополнителни воени сили, планот на Лукашенко наиде на проблеми.  

Според некои белоруски невладини извори, Минск овие денови е полн со мигранти кои спијат на автобуските станици и во трговските центри, ги среќаваат како се греат во импровизираните картонски куќи и гаражи и како молат за храна на улиците, а шумите и мочуриштата долж границата се полни со вознемирени, гладни и „смрзнати“ луѓе кои веќе не можат така лесно да ја преминат границата, пишува WCMY.  

Затоа, во пресрет на зимата, која веќе почна да тропа на вратата во земјата, Лукашенко донесе одлука за суспендирање на издавањето визи во Минск, а барањата од граѓаните на Сирија, Египет, Авганистан, Пакистан, Јемен, Ирак и Нигерија за визи мора да одат преку белоруските дипломатски мисии. Затоа, овие денови се очекува драстичен пад на приливот на мигранти од Белорусија во ЕУ. 

Полската граница со Белорусија / Фото: PETRAS MALUKAS / AFP / Profimedia

Хуманитарна катастрофа 

Но, што ќе се случи со оние кои веќе пристигнаа во Белорусија?  

Никој не ги сака мигрантите, ниту Лукашенко, ниту ЕУ, но многумина предупредуваат дека може да се случи голема хуманитарна катастрофа во која може да загинат огромен број мигранти, меѓу кои има многу деца и жени.  

Никој не знае точно колку мигранти се во моментов во Белорусија, а се зборува за десетици илјади, а што ќе се случи со нив, уште никој не знае, бидејќи Минск нема намера или средства да се грижи за бегалците сега заглавени во таа изолирана европска земја.  

Полската погранична служба објави дека пронашла уште еден мртов мигрант на границата, 24-годишен Сириец кај кого била пронајдена валидна белоруска виза. Ова е седми мртов мигрант на полско-белоруската граница од почетокот на септември.  

Летонија граница со Белорусија/ Фото EPA-EFE/VALDA KALNINA

Лукашенко очигледно погрешно пресметал, а многу аналитичари сметаат дека играта со мигрантите може да го удри во главата и да му се врати како бумеранг.  

Белорускиот политиколог Јегор Лебедок вели дека ризикот од можни инциденти со мигрантите и локалното население се зголемува и дека евидентно е зголеменото незадоволство на Белорусите од толку мигранти на нивните улици. Лебедок посочува дека Лукашенко не го постигнал посакуваниот ефект и сега сака да ја поправи штетата. 

Белоруските медиуми пишуваат дека Лукашенко не очекувал таков жесток и ефикасен одговор од Полска, Литванија и Летонија, кои успеале да го запрат мигрантскиот тек за два месеци и без милост да ги вратат во Белорусија. Полска одобри изградба на ограда со бодликава жица, воведе вонредна состојба долж границата, забрани движење од три километри до границата, освен за „одговорните лица“, и донесе декрет за враќање на мигрантите во Белорусија. 

Премиерите на Полска и Литванија разговараа за мигрантскиот притисок од Белорусија

Истрели од белоруска страна на границата со Полска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот