Премиерите на Полска и Литванија разговараа за мигрантскиот притисок од Белорусија

Средба на премиерите на Полска и Литванија, Матеуш Моравиецки и Ингрида ШимонитеEPA-EFE/PIOTR NOWAK POLAND OUT

Премиерите на Полска и Литванија, Матеуш Моравиецки и Ингрида Шимоните, денеска изјавија дека зголемената безбедност на нивните граници со Белорусија е најдобриот начин за ублажување на притисокот поради приливот на мигранти, бидејќи велат дека очекуваат продолжување на хибридниот напад од Белорусија.  

Моравиецки и Шимоните, исто така, изјавија дека поинтензивната билатерална соработка, вклучително и бизнисот и инфраструктура, ќе помогне против притисокот на непријателот на источната граница на Европската унија, пренесе АП.  

Тие, како и членовите на нивните влади, разговараа за начините за спречување илегална миграција и зголемување на граничната безбедност.  

„Се подготвуваме за сценариото за долгорочен спор долж нашите граници“ рече Моравиецки по разговорот.  

Тој додаде дека двете земји ќе применат посилна заштита од илегална миграција, која „режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко ја претвори во оружје“.  

Двете држави прогласија вонредна состојба блокирајќи го пристапот до нивните граници со Белорусија. Тие исто така градат огради и ги зголемија патролите и број на возила на граничната полиција. Полска, Литванија и Летонија бележат нагло зголемување на бројот на мигранти кои доаѓаат од Белорусија во последните месеци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот