Хулио Иглесијас /Фото: EPA PHOTO ANSA/ANDREA MEROLA/pal-fob

Хулио Иглесијас размислува да поднесе тужба: Нови детали по обвинувањата за сексуално злоупотребување

Адвокатите на шпанската музичка легенда Хулио Иглесијас размислуваат за преземање правни чекори, вклучително и можност за тужба, откако беше стопирана прелиминарната истрага за наводите за сексуално злоупотребување. Како што соопшти шпанското обвинителство минатата недела, Националниот суд на Шпанија нема надлежност за случајот, бидејќи спорните настани, според пријавите, се случиле во резиденциите на Иглесијас на Бахамите и во Доминиканската Република, пренесува „Еуроњуз“.

По неколкудневен молк на социјалните мрежи, 82-годишниот пејач јавно ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како „апсолутно неточни“ и изрази жалење што воопшто биле изнесени вакви наводи.

Шпанскиот весник „El País“ објави дека неговите адвокати побарале целосен увид во пријавите на поранешните вработени, со цел да утврдат дали постои основа за сомнеж за лажна пријава, што според шпанското законодавство претставува кривично дело.

Одбраната претходно побарала прекин на постапката поради ненадлежност, предупредувајќи дека истрага за настани кои наводно се случиле надвор од територијата на Шпанија би можела да ги наруши основните правни принципи.

На почетокот од месецот, две жени го обвинија Иглесијас за сексуално злоупотребување, вознемирување, трговија со луѓе и повреда на работничките права.

Невладината организација „Women’s Link Worldwide“, која ги застапува подносителите на пријавите, соопшти дека останува на ставот дека случајот мора да биде темелно испитан. Од таму предупредија и на можни обиди за дискредитација на наводите и инсистираа на правото на жртвите на пристап до правда.

Хулио Иглесијас, татко на пејачот Енрике Иглесијас, е добитник на Греми награда за животно дело во 2019 година, додека во 1988 година ја освои наградата за најдобра латино-поп изведба за албумот „Un Hombre Solo“.ж

Легендарниот Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот