Хуберт Хуркач е тенисер со најубиствен сервис, годинава „забил“ дури 1.031 ас

EPA-EFE/Mohammed Badra

Во листата на топ-8 најопасни сервери за годинава се и Тејлор Фриц, Андреј Рубљов, Алекс Зверев, Данил Медведев…

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач бил најуспешниот сервер во 2023 година со тоа што успеал да постигне 1.031 ас во 69 мечa. Тој имал просек од 15,2 аса по меч. Хуркач е најуспешен и по процентот на успешност на сервисот, односно освоил 88 отсто од гејмовите во кои сервирал.

На второто место на оваа листа е Американецот Тејор Фриц кој постигнал 692 аса на 77 меча. Русинот Андреј Рубљов постигнал 616 аса на 82 меча.

Германецот Александар Зверев постигнал 613 аса на 80 меча, а зад него на петтото место е Стефанос Циципас од Грција успеал да реализира 547 аса на 71 меч.

Русинот Данил Медведев има 547 аса на 84 меча, а Александар Бублик од Казахстан е на седмото место со 543 аса на 48 меча.

На осмото место е Американецот Бен Шелтон со 505 аса на 50 меча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот