Huawei ќе ги продава новите смартфони без Facebook, WhatsApp и Instagram!

Компанијата Facebook нема да и дозволи на Huawei да ги продава своите нови паметни телефони со нејзината преинсталирана апликација.

Oва е последниот пример кој ги покажува последиците од прекинувањето на врската помеѓу западните технолошки компании со кинеската телекомуникациска компанија Huawei, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана.

Сопствениците на Huawei смартфоните и натаму ќе можат да ги превземаат и користат апликациите, како што се Facebook, WhatsApp и Instagram и ќе добиваат надоградба на истите преку Play Store, па така Huawei само нема да може да ги користи како преинсталирани, што е инаку случај како сличните услуги, како што е Twitter.

Facebook oчигледно има поразличен пристап од трговската забрана од страна на Google, која обезбеди привремена дозвола за испраќање на надоградби на веќе постоечките смартфони на Huawei. Смартфоните на оваа компанија, кои се во продавниците, кои се уште не се испорачани или се направени, и натаму ќе ги имаат преинсталирано услугите на Google, но Facebook забранува преинсталирање на „сите паметни телефони кои се уште ја немаат напуштено фабриката“.

Ова не е загрижувачки за Huawei, како претходната одлука на Google и ARM, кои го ограничуваат користењето на основните Android услуги и развојот на сопствени чипови. Но, овој потег на Facebook и го затвора патот на Huawei за на клиентите да им испорача клучни апликации од трети страни, со што се нагласува фактот дека ќе мораат за статуваат со сопствена продавница за апликации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот