„Huawei“ ги отвори вратите за медиумите: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВНАТРЕ!

фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Кинеската компанија „Huawei“ е еден од гигантите на технолошката индустрија. Таа е најголемиот снабдувач на телекомуникациска опрема во светот, лидер во технологијата на следната генерација на 5G мрежата, а минатата година го надминаа „Apple“ и стана најголемиот продавач на смартфони во светот.

Но, за многумина, особено на Запад, сè уште постои мистерија околу компанијата. А во САД постои и сомневање.

Со години, Вашингтон е загрижен дека кинеската влада може да ја користи опремата на „Huawei“ за да ги шпионира другите земји. Владата на САД вели дека „Huawei“ може да претставува закана за националната безбедност, бидејќи не може да и кажат „не“ на кинеската влада.

„Huawei“ ги отфрли такви обвинувања, велејќи дека таа ќе ги одбие барањата на кинеската влада за пристап до технологијата што ја продава на телекомуникациските оператори.

Но, минатата недела администрацијата на Трамп ја стави компанијата на „црната листа“, ставајќи ја на листата на странски фирми што не добиле компоненти од американските извозници без дозвола.

Во обид да ги отфрли некои од мистериите што ја опкружуваат, „Huawei“ неодамна ги отвори своите капацитети за меѓународни медиуми.

За повеќе информации, како и фотографиите внатре во компанијата „Huawei“ погледнете го прилогот кој го објави „CNN“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот