Хрватското приморје ќе биде потопено до 2100 година (ФОТО+ВИДЕО)

јадранско море
Фото: Архива

Новиот извештај за стапката на загаденост на Земјината атмосфера доведе до тоа во 2017 година, во светски рамки доведе до глобално зголемување на нивото на C02 во воздухот.

Со вакви трендови на лобирање на нафтни, плински и компании кои загадуваат на јаглен, при што вложуваат милијарди евра и долари во промовирање на понатамошното користење на фосилни горива, светот е се подалеку од тоа во овој век да се спаси од глобално затополување полошо од 2 степени Целзиусови, на колку што светските нации се договорија во текот на Парискиот климатски форум.

Како што сега стојат работите, а дури и според најоптимистичните предвидувања, светот до 2100 година со оваа темпо ќе биде потпол за 3 Степени целзиусови. Во текст објавен на оваа тема во Националната академија на науки во САД, стои дека според таквото сценарио нивото на морето во дел од светот до крјот на векот ќе порасне помеѓу 4,3 и 9,9 метри.

Само пет години откако во официјлните предвидувуања дури и растот на морето од 1,5 години се сметаше за екстремна прогноза, одеднаш испаѓа дека и умерените предвидувања се неколкупати полоши од тоа.

Кога станува збор за Хрватска, на следните илустрации погледнете што ќе се случува со Јадранскиот брег во случај на раст на морето од 9 метри, односно како постепено целосно ќе го снемува хрватското приморје, за до 2100 година да биде целосно потопено.

Во продолжение погледнете и видео анимации од тоа што може д се случи со некои од најпознатите светски метрополи, во случај на загревање на 2 сепени Целзиусови.

Станува збор за глобална тура преку Њујорк, Буенос Аирес, Осака, Хамбург, Мелбурн, Лондон, Хонгконг, Дубиа, Рио, Токио…

Потоа погледнете и детални анимации од тие градови во случај на 2 и во случај на глобално затоплување од 4 степени Целзоусови, со конечен приказ на Вашингтон и едно изненадување кога станува збор за Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот