Пленковиќ и Мицкоски / Фото Твитер

Хрватскиот премиер во посета на Македонија, Мицкоски ќе го пречека во Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ, а во 11:15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.

Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средба на сопственици на компании од двете држави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот