Хрватска моментално не размислува на признавање на Палестина, вели Пленковиќ

Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/Olivier Matthys

Хрватска во моментов не размислува за признавање на Палестина, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, откако Шпанија, Ирска и Норвешка најавија дека ќе го сторат тоа. Шведска, Ирска и Норвешка денеска најавија дека на 28 мај ќе ја признаат независната палестинска држава, на што веднаш реагираше Израел со повлекување на амбасадорите од тие земји.

Со тоа, трите членки на ЕУ и се приклучија на Шведска, која во 2014 година стана првата членка на ЕУ што го стори тоа. Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија и Романија ја признаа Палестина во 1988 година како дел од советскиот блок, а истата година, набргу по нејзиното прогласување, го призна и Кипар.

„Во моментов не размислуваме за тоа“, одговори денеска Пленковиќ на прашањето дали и Хрватска ќе ја признае Палестина. „Нашиот постојан став се заснова на решението за две држави, но на начин да се постигне договор“ меѓу двете страни, додаде премиерот.

Признавање на Палестина најавија Малта и Словенија, а Австралија најави дека оваа можност постои. Палестина во моментов е призната како држава од 143 од 193 членки на Обединетите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот